ЈП „Билјанини Извори“ информиура дека  кражбите што се случија деновиве во каналот Студенчишта, при што беа украдени пенти и други предмети од усидрени пловни возила, не се во делот со кој стопанисува јавното претпријатие.

ЈП Билјанини Извори во изминатиот период посвети и тоа како време и финансии во осигурувањето на безбедноста и сигурноста на пловните возила кои се усидрени на делот со кој ние стопанисуваме при што беше инсталиран и 24 часовен видео надзор. – велат од ЈП „Билјанини извори“.

Од јавното претпријатие уште велат дека им стојат на располагање на истражните органи за што побрзо расветлување на случаите на кражба и пронаоѓање на сторителите.

OhridNews

Се трага по крадците на пенти од каналот Студенчишта 

Крадци оперираат во каналот Студенчишта