Македонскиот интернационалец Горан Пандев против Удинесе го одигра 200 -от јубилеен натпревар во италијанската серија А.  На мечот со Удинесе кој “нероаѕурите“ го добија со 2-1, Пандев доби шанса од 63 минута, за него ова беше втор настап годинава во најсилното друштво во Италија.


Еден од најдобрите македонски фудбалери и освојувач на лигата на шампиони, за Интер одигра 21 меч постигнувајќи три гола, највпечатлив беше онај против Милан во градското дерби.


Најмногу мечеви одигра во небесносиниот дрес на Лацио во периодот од 2004 до 2009. Во 159 натпревари постигна 48 гола. Својата италијанска авантура во најелитноно друштво ја започна во Анкона во 2003 година, каде во 20 натпревари даде само еден гол.


Пандев има одиграно 22 натпревари за тимот на Специа , во серија Б, постигнувајќи 4 гола.

М.П.