Аргентинскиот виртуоз Лионел Меси е најдобар фудбалер во светот за минатата сезона. Меси со шестата награда од ФИФА се закити на синоќешната гала церомонија која се одржа во италијанскиот град Милано. Позади Меси во трката за наградата „The Best“ од ФИФА се најдоа Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо кој не присуствуваше.

После секој избор секоја година се развиваат полемики за начинот на гласање и изборот на победникот. Ништо поразлично не е ниту годинава. Фаворит се сметаше фудбалерот на Ливерпил Вирџил ван Дајк кој имаше незаборавна сезона со „црвените“ а во меѓувреме ја доби „Златната топка“ од Франс фудбал. Кога ќе се погледнат бројките Меси и Роналдо и тие имаа свои адути кои ги влечат десеттина години наназад.

Околу начинот на гласање. Селекторите и капитените на националните репрезентации имаат право да изберат три опции на кои ќе му ги доделат гласовите. Многу ретко се случило, селекторите и капитените да бидат искрени и гласовите по скалило (5, 3, 1 бод) да му ги дадат на оние кои заслужуваат. Скоро секогаш гласовите се распоредуваат по „комшиска“ линија или пак на некој клупски соиграч, онака како што гледаме Евровизија кога се одбира најдобра песна.

Нашиот селектор Игор Ангеловски и капитенот на А селекцијата Горан Пандев идентично гласаа во изборот за победникот. Ангеловски и Пандев по пет бодови му доделија на Ван Дајк, три му припаднаа на Садио Мане, додека по еден му дадоа на Мо Салах. Очигледно е дека селекторот и капитенот не гласааа за Меси кој победи и за Роналдо.

Трите ривали во трката за „The Best“ наградата имаа евровизиско гласање. Малку од Меси и Роналдо се разликува Ван Дајк, кој прв пат е во вакво друштво. Ќе почниме од Меси. Аргентинецот пет поени му додели на Мане, три на Роналдо и еден на соиграчот од Барселона Френки де Јонг. Роналдо, пак, за најдобар го смета Матијас де Лихт, а потоа Френки де Јонг и Килијан Мбапе. Ван Дајк гласаше за Меси, Салах и Мане.

OhridNews

ФИФА: Лионел Меси најдобар фудбалер во светот!