Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, ќе го одложи најавеното повлекување од фудбалот и богатата кариера ќе ја збогати со уште една сезона.

Пандев нема да ја менува средината и ќе остане во екипата на Џенова. Клубот од „Лујџи Ферари“ ќе му понуди нов едногодишен договор на Пандев, кој ќе го потпише после смирување на ситуацијата со коронавирусот и стабилизирање на италијанскиот фудбал.

Најмногу влијание во одлуката на Пандев да ја продолжи кариерата е шансата со Македонија да заигра на Европско првенство. „Црвено жолтите“ се дел од полуфиналниот бараж во групата Д од Лигата на Нации. Македонија за влез во финалето треба да го совлада Косово.

Џенова е шести клуб за Пандев во италијанскиот фудбал. Струмичанецот ги бранел дресовите на Интер, Специја, Анкона, Лацио и Наполи.

OhridNews