
Во интервју за Скај Италија, Пандев изјави дека сака да го изработи својот договор со Лацио до крај (2010г.) „Дали тоа ќе испадне така не зависи само од мене туку и од мојот сегашен клуб”, рече Пандев.
Пандев демантираше дека преговарал со друг клуб, но вели дека е убаво да се слушне дека големи клубови се интересираат за него. Сепак моите амбиции се врзани за Лацио, изјави Пандев. „Во Рим се чувствувам прекрасно, наскоро очекувам да добијам и италијански пасош и затоа сакам да останам во Италија”, вели во интервјуто за Скај Италија, Пандев
Ohridnews










