По повод празникот Божиќ, денес во Соборниот храм се одржа литургија, со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ – Охридска архиепископија г.г. Стефан. Меѓу многуте верници, на литургијата присуствуваа и претседателот на државата Ѓорге Иванов, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, како и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тие им го честитаа празникот на граѓаните од православлна вероисповед и им посакаа здравје, мир и благосостојба.

По кршењето на божиќната погача, во семејството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Микоски, паричката годинава се паднала токму кај него. Кај семејството Иванови, паричката се паднала во домот, а пак во семејството на градоначалникот Петре Шиелгов, паричката се паднала во домот. Во семејството на премиерот Зоран Заев, паричката се паднала кај господ.