Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот. Ова непосредно по разрешувањето од страна на Владата, го напиша вечерва на својот Фејсбук профил сега веќе поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.

Тој изрази благодарност до граѓаните за искажаната отворена поддршка и изрази надеж дека институцијата со нов директор ќе продолжи таму каде што тој застанал.

Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и…

Posted by Stojko Paunovski on Tuesday, April 27, 2021

Разрешувањето на Пауновски следува откако тој минатата недела јавно кажа дека не може да ги преземе во ДПИ 32-цата вработени што му ги определи Владата, туку само оние кои имаат соодветно образование. Премиерот Заев во тоа препозна пркос, рече дека таквиот однос на Пауновски е недозволив, како и дека има основа за негово разрешување.

Вработените во ДПИ апелираа Владата да не го разрешува нивниот директор, зашто Пауновски, како што потенцираа, изминатиот период покажал капацитет за успешно раководење со институцијата. Над 100 инспектори се потпишаа и на петицијата за одбрана на Пауновски.

OhridNews