Во акција на Пазарната инспекција денеска во Струга се затворени 22 објекти на потегот од Еврохотел до Женска плажа, кои немаат решение за користење на простор што го издава локалната самоуправа.

Покрај ова затворени биле уште 10 диво поставени шанкови на истиот потег.

Дел од сопствениците на затворените објекти жестоко реагирале на акцијата на Пазарната инспекција и пружиле отпор, но благодарение на интервенцијата на полицијата спречен е поголем инцидент.

Некои од сопствениците покажуваа документи за уредно латени обврски кон општината, но од Пазарната инспекција објаснуваат дека објектите се затвораат поради тоа што немаат решение за користење на просторот.

Дел од објектите кои беа затворени по заминувањето на инспекторите и полиција повторно беа отворени и работеа.

Г.М.