
Од Општина Охрид и од Охридскиот Центар за јавно здравје информираат дека запрашувањето ќе биде спроведено од 5 часот до 8 часот и 30 минути.
Според најавите треба да бидат запрашени вкупно 1.500 хектари во делот на крајбрежјето, на потегот од село Подмоље до комплексот „Св.Наум“ и на територијата на град Охрид. Препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.
Авионското запрашување против комарци го спроведува Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство, а истото ќе биде извршено и на територијата на општините Дојран, Ресен, Крушево, Берово и Чешиново-Облешево.
OhridNews











