Со домаќинско, чесно и одговорно работење го подмиривме долгот во образование и сега вложуваме училиштата да ги направиме современи и енергетски ефикасни, рече градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков при денешниот увид со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на спроведените активности изминатиот период во Охрид.

Доста активности, доста работи кои што биле дел од нашата програма, има дел и кои што не биле дел од нашата програма. И секако она што претставуваат капитални проекти за Охрид, а во наредниот период ќе се случуваат и за кои што ќе треба да се гордееме сите, се при самиот крај за она што треба да претставуваат конзерваторски одобренија, одобренија за градба и така натаму, рече Пецаков.

Ги спомена проектите за реконструкција на улицата „Ѓорче Петров“ во вредност од околу 13 милиони денари за нова атмосферска канализација, промена на водоводната линија и нов асфалт, реконструкција на улиците „Марко Цепенков“ и „Пирин Планина“, како и продолжувањето на активностите на улицата „Момчило Јордановски“.

На сето ова, кога ќе ги додадеме инвестициите во образованието и веќе при сам крај останува поставувањето на фотоволтаиции на средното економско училиште во Охрид, и со тоа ќе имаме тотална реконструкција на самото училиште. Веќе отпочнавме со припремите за средното училиште гимназија, ја менуваме првично оградата, потоа имаме партерно уредување со поставување на атлетска патека во самиот двор на училиштето и се префрламе внатре со уредување на подот, со варосување на самите на самите ѕидови, докомплетирање на она што треба да преставуваат нови клупи и столчиња. И секако, поставување на смарт табли, буквално во сите училници. Со тоа, трите училишта кои што се под општина, ќе ги комплетираме и ќе бидат тотално нови до крајот на 2024. Со економското ќе завршиме оваа година, а гимназијата ќе биде 2024, тотално реконструирана и со тоа ги подобруваме условите на училиштата, рече Пецаков.

Напомена и дека изминатиот период биле направени и четири нови игралишта, најавувајќи дека до крајот на годината, најголемиот дел од детските игралишта ќе бидат реконструирани и вклучително со игралиштето во Велгошти до крајот на годината ќе има четири мултифункционални игралишта.

OhridNews