Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола ги искритикувал играчите по шокантниот пораз од Херкулес на домашниот “Камп Ноу”.

Пеп ги предупредил скапите ѕвезди велејќи – Не можете да живеете во минатото.  Тој исто така им забележал за отсуството на желба за победа.

Ништо позадоволен не бил ниту неговиот колега од мадридски Реал, Мурињо кој за победата од 1-0 над Осасуна ги наградил со доста тежок тактички тренинг пишува Марка. – Ајде, брзи и прецизни додавања– настојувал португалскиот тренер.

Шпанските гиганти ги очекуваат натпревари во Лигата на Шампиони. Барселона игра против Панатеникос, додека Реал го пречекува Ајакс.

Ohridnews