Во истиот период како и изминатите две години, голем број ноќни пеперутки деновиве повторно се забележуваат покрај уличните светилки, но и во домовите и останатите објекти во близина на градскиот кеј.

Последните неколку дена ги има се повеќе и повеќе. Воопшто не е пријатно да се седи на тераса, но влегуваат и во останатите простории. Вчера само во една соба забележавме околу дваесет, раскажуваат граѓани кои живеат во близина на кејот.

Имаме продавница, но деновиве е навистина непријатно да се работи, роеви пеперутки околу продавницата, на стаклото, внатре, и самите купувачи реагираат, велат сопственици на маркет.   

Реакции и од угостителските објекти, но и од граѓани кои живеат вон централното подрачје кои велат дека пеперутките, иако во помал број, ги има и во останатите делови на градот.

Она што може да се забележи годинава е тоа дека освен бели пеперутки, голем е бројот на кафените. Дали станува збор за ист вид ноќна пеперутка, стручните лица треба да дадат одговор.  

 

Граѓаните апелираат што поскоро да се преземат мерки пред да се повтори состојбата од минатите години, кога роеви пеперутки имаше речиси во сите делови од градот.