Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, по првиот пресек на пристигнатите апликации, ја формираше првичната база од 170 експерти и практичари, со што се поставува силна основа за навремена, стручна и таргетирана поддршка на општините во решавање на конкретни локални предизвици.

Со самото тоа базата на експерти е ставена во функција, а општините можат, согласно своите потреби, да користат професионална поддршка во различни области. Областите на потребна експертиза се поврзани со изворните надлежности на општините, но и пошироко, опфаќајќи сектори кои имаат значајно влијание врз функционирањето на локалната самоуправа, подобрувањето на услугите кон граѓаните и креирањето на стратешки решенија за долгорочен развој, велат од Министерството.

Воедно, информираат дека од денеска повторно е отворен Јавниот повик за изразување интерес за вклучување во базата на експерти на Ресурсниот центар.

Повикот ќе биде континуирано отворен, со цел сите заинтересирани професионалци со соодветна експертиза и искуство да имаат можност да аплицираат и да се вклучат во базата на експерти, придонесувајќи кон обезбедување квалитетна и навремена поддршка за општините, додваат.

Јавниот повик, заедно со сите информации за условите, критериумите и потребната документација за аплицирање, е достапен на линкот.

OhridNews