Во текот на изминатото деноноќие (23/24.04.2020 година), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, вкупно пет лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-1, Струга-4), информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се евидентирани кражби, сообраќајни незгоди и нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир.

На подрачјето на СВР Охрид, моментно, евидентирани се вкупно 99 лица во изолација (Охрид-75, Струга-13, Кичево-11). Од страна на полициски службеници извршени се 48 контроли врз лицата во изолација (Охрид-39, Кичево-09). Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов изнесува 348 лица (Охрид-43, Струга-236, Кичево-28, Дебар-41). Врз овие лица, извршени се 304 контроли (Охрид-42, Струга-203, Кичево-28, Дебар-31). Полициските службеници извршија 77 контроли на угостителски објекти.

OhridNews