Пет златни, два сребрени и десет бронзени медали освоија текводистите од клубот Хваранг Фист од Охрид на второто коло од Македонската теквондо лига која се одржа викендов во Скопје во организација на Теквондо клуб Бутел од Скопје и Македонската теквондо федерација. Со овој резултат освоија нови 81 бод во лигата.

Петар Петкоски, Ѓорѓи Петкоски, Јана Спироска и Ненад Целески, нашиот јуниорски тим очекувано во најдобра форма со 4 злата во своите категории го кренаа нашиот клуб на врвот во јуниорската конкуренција. Дополнително успехот беше дополнет со Јана Спироска и Ненад Целески кои беа прогласени за најдобар јуниор и јуниорка на колото. Одличен беше и Максим Ристески во категоријата пионери -25кг со 3 победи и го освои златниот медал. Пионерите Димитар Грујоски, Христијан Николоски, Ристе Ѓелески, Маријана Илческа, Леона Павлеска, и Љубица Митреска во полуфиналните борби загубија и останаа на бронзениот медал, додека Јоаким Најдески и Радмила Огненоска по одличната победа во полуфиналето, финалето го загубија во последната секунда со пресврт за само 1 поен, посочуваат од клубот.

Инаку, за нови бодови во листата се бореа 310 натпреварувачи од 19 клубови.
OhridNews












