Употребата на петарди освен што е законски забранета, штетно влијае врз здравјето на луѓето и животната средина, предупредуваат од Еколошкото друштво „Грашница“ од каде апелираат до сите граѓани, а особено децата и нивните родители да не употребуваат пиротехнички средства за време на претстојните празници.

Во коктелот од различни хемиски состојки во петардите се наоѓа и селенот кој е мошне отровен метал, а по експлозијата се ослободуваат и отровни гасови чие дејство се засилува со влажноста од воздухот. Тие се задржуваат во приземните слоеви и оставаат последици врз здравјето, средината, птиците и другите животни. Со детонацијата на петардите и сличните „весели“ пиротехнички средства се создава звук со јачина и до 120 децибели, што предизвикува оштетувања на слухот, често и трајни и со што се крши  Законот за бучава во животната средина, објаснуваат од ЕД Грашница.

ohridnews