ВМРО- ДПМНЕ постојано со свои постапки го нарушува текот на предизборната кампања. Започнаа со принудување на државната администрација за собирање по 15 потписи од луѓе кои ќе гласаат за оваа партија, поставија билборди една недела пред да почне кампањата, не ја почитуваа одлуката и инсистираа митингот да е на плоштад. Последните неколку денови кога гледааат дека ги губат изборите започнаа со примена на стари, комунистички методи, вели шефот на изборниот штаб на ОО на СДСМ, Александар Петрески.

– Деновиве сме сведоци дека од ВМРО- ДПМНЕ ги посетуваат граѓаните и дава по 50 евра на семејство, делат социјални пакети и дрва за греење. Имаме снимки за делени социјални пакети, но и фотографии со снимени камиони со регистрации од паркот преспа каде се сечи шумата, кои им ги носат на граѓаните на улицата Железничка и во селото Лескоец, обвини Петрески.

Тој рече дека снимките ќе бидат објавени денес, а ќе бидат испратени и до ОБСЕ и  странските амбасади, како што рече Петрески, за да се уверат дека законите ги кршат оние кои се најповикани да ги почитуваат,  како власт која ги поставува.

OhridNews