Учениците од петто одделение при основното училиште „Кочо Рацин“ подготвија драмска претстава за своите соученици. Основците со големо воодушевување ја проследија претставата „Снежана и седумте џуџиња“, една од најомилените приказни на најмаладите.
Задоволни од својата изведба беа и учениците ки ја играа претставата најавувајќи и други претстави кои во наредниот период ќе ги подготват за своите соученици во „Кочо Рацин“.
OhridNews















