Бараж дуелите помеѓу Воска Спорт – Тиквеш и Скопје – Беласица ќе ги одредат тимовите кои од следната сезона ќе бидат дел од Првата македонска машка фудбалска лига.

Ова го одреди жрепката која беше одржана денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија за пополнување на последните две места за идната сезона во ПМФЛ.

Ќе се игра еден бараж натпревар, а победникот следната сезона ќе биде прволигаш.

Натпреварите се закажани за недела со почеток од 17 часот. Воска и Тиквеш ќе се сретнат во Прилеп, на стадионот „Гоце Делчев“, додека Скопје и Беласица ќе играат на „Градскиот стадион“ во Штип.

OhridNews