Илинден – Металург 2-2 (0-2)

По завршувањето на “фантомската“ казна која ФФМ им ја изрече на Илинденци по пауза од 6 месеци фудбалот се врати во Велмеј. Гледачите кои дојдоа можеа да видат еден динамичен натпревар со дури 4 погодоци, натпревар со две различни полувремиња.

Само што започна натпревартот, во втората минута, Мишевски профитираше од недоразбирњето на потесната одбрана на домашните доведувајќи го Металург во водство. Илинденци примениот гол не ги отрезни продолжија да играат во грч се` до 33 минута  кога Ѓоршески го погоди дирекот и ја најави офанзивата. Но во 40 мин. уште еднаш подзаспаа Илиндеци, а тоа најдобро го искористи Јаковлевски кој со удар од 30 м.  го изненади Абди за 2-0 водство на полувремето.
 
Во вториот дел сосема друга слика на теренот. Илиндеци тргнаа решително кон голот на Тасевски, шансите се редеа како на филмска лента но Оџа, на двапати Ѓоршески и Митрески не успеаа да го пронајдат патот кон мрежата. Наградата за залагањето и пожртвуваната игра дојде на 10 мин пред крајот кога по центаршутот на Ѓоршески И. Матески најдобро се снајде во 16-кот и со глава ја смести топката во небранетиот дел. Овај погодок им даде крила на домашните кои продолжија со своите напади, а во 89м. одличниот продор на Ѓоршески кој со втор гол во последните два натпревари го круниса Оџа. Во судиското надополнување претпзливи и двете екипи па победник немаше.   
 
Изјави по натпреварот :

„Задовлни сме од она што го одигравме во вториот дел ,теоретски шанси се уште постојат,а ние не се предаваме до самиот крај“ (Цане Кузески, Илинден)

„По одличното прво полувреме застанавме, им кажав на момците дека 2-0 е мошне незгоден резултат, се опуштивме и казната не` стигна“  (Алексо Мацков, Металург)

Во 22м.  незгоден удар во главата доби Стојановски , по што веднаш беше префрлен во Охридската болница, каде беше задржан, според она што го дознаваме се работи само за помал потрес на мозокот.

М. Постолоски