Младинскиот ансамбл на ФА „Отекс Фолк“ од Охрид од денеска до 17 август престојува во Република Полска, каде е гостин на полскиот ансамбл „Roztocze“ од Томашов Лубелски.

Гостувањето е во рамки на културна размена меѓу двата ансамбли, а во текот на престојот во Полска младите играорци од Охрид ќе имаат повеќе настапи.

Пред полската публика „Отекс Фолк“ ќе го претстави богатството на македонскиот фолклор, традиционалните ора и носии, продолжувајќи ја својата мисија за промоција на македонското културно наследство надвор од земјата.

Гостувањето доаѓа непосредно по неодамнешната успешна турнеја на ансамблот во Белгија, каде охридските фолклористи настапија на Меѓународниот фолклорен фестивал во Хогстратен и имаа можност да го посетат Брисел.

OhridNews