Не поминаа ниту десеттина дена откако беше хортикултурно уреден новиот дел на патеката од каналот до Горица и заменети украдените садници, несовесни граѓани извршиле поголема кражба. Овојпат украдени се 40-тина садници од видот “џунџуле” и 6 украсни зимзелени садници.
Грдата слика кој ја затекнале вработените во јавното комунално претпријатие ја гледаат рекреативците и туристите кои секојдневно поминуваат тука.
OhridNews












