Наставата во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ во Струга, која два дена беше во прекин поради масовни тепачки помеѓу ученици македонци и албанци, ќе продолжи утре. Ова денеска го потврдија градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и раководителите на училиштата. На средбата реализирана на иницијатива на струшкиот градоначалник донесени се  повеќе мерки и заклучоци.


Наставата продолжува одлучи локалната заедница

Наставата утре ќе продолжи со скратени часови од по 40 минути, а ќе се засили обезбедувањето на училиштата. Во меѓувреме ќе се работи на создавање услови за работа по етнички смени за што ќе биде консултирано и Министерството за образование. Исто така ќе се организраат средби со родителите за нивно објективно информирање, а учениците кои биле директно вклучени во инцидентите ќе се санкционираат. На средбата била осудена секаква вмешаност и влијание на политичките партии во настаните кои се случија. Со остра осуда на немилите настани на средбата било побарано максимално ангажирање на директорите и наставничките колегиуми во училиштата за нормализирање на состојбите.

Г. Момироски
фото Васко Бујароски