По реакциите на жителите од населбата Далјан и написот објавен  во OhridNews, екипи од  јавното претпријатие „ Охридски комуналец“  презедоа активности за уредување на паркот во оваа населба, при што се искоси и тревата со која беше обраснато ова зелено катче . Жителите претходно изјавија дека паркот подолг период не се уредувал и дека тревата последен пат била искосена пред 14 месеци.

Зеленото катче во населбата Далјан беше уредено пред две години во рамки на третата фаза од акцијата „ Да го вратиме сјајот на Далјан“.

OhridNews