Студенти и професори од повеќе од 15 земји од светот преку презентација на своите национални носии, танци и национални кујни, во просториите на Универзитетот „Св.Апостол Павле“,  по петти пат ќе го одбележат  21 мај, Светскиот ден на културната разновидност.   

Настанот почнува во петок, 19-ти мај, во 19 часот, со проекција на филм во соработка со Филмската академија, а официјлано ќе биде отворен сабота 20-ти мај, во 12 часот на охридскиот плоштад. Програмата ќе заврши со концерт во 19 часот.

Интеркултурноста е една од најзначајните карактеристики на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ каде студираат професори и студенти од повеќе од 50 земји во светот.

OhridNews