По вчерашниот силен земјотрес што се случи во 15.10 часот и кој според последните податоци бил со јачина од 3.9 степени со епицентар на 5 километри оддалеченост од селото Косел, во текот на вечерта и утрово регистрирани се уште неколку земјотреси.

Следниот бил регистриран во 19.25 часот со јачина од 2.4 степени со епицентар на 10 километри од Косел и на длабочина од 7 километри. Во 22.46 часот бил наредниот потрес со јачина од 2.3 степени на 6 километри од Косел.

Последниот земјотрес е регистриран утрово во 6.18 часот со јачина од 1.8 степени на 7 километри југо-источно од Косел на длабочина од 1 километар.

OhridNews