Кошаркарките на Билјана 006 без пораз ја завршија втората “оролоџо“ фаза од првенството.

Со петте победи во последените кола охриѓанки се изборија за место во разигрувањето.
Во последното коло во Скопје, Билјана со 86-68 ги совлада В.Лисици.

Капитенот Балазоска со 37 поени ја предодеше “белата“ експедиција. 20 поени постигна Н. Кузеска, додека со двоцифрен број на поени заврши и Миладиновска 15.

Покрај нив поени постигна уште и Ж. Ангеловска 7, И. Ангеловска 2, Патчева 2, Кузеска 2 и Стерјовска 1.

Одговорот на која позиција ќе завршат охриѓанки ќе го даде утрешниот натпревар Пелистер – Куманово.Битолчанки се во предност поради двете победи во трите дуели со охридскиот тим. Тие ќе го задржат 3. место при победа над Куманово дома.