Во претпоследното 13 коло од втората натпреварувачка фаза , во Билјани во Охрид доаѓа последно пласираниот тим на Соколи. По триумфот над Работнички, на охриѓани им се отвори можност да се позиционираат на третата позиција па победата против аутсајдерот само би го значела заверка на третото место.

Еуфорично е расположението во охридските редови, но тренерот Игор Гацов повикува на смиреност.

Ние сме фаворити,но никако несмееме да ги потцениме. Не смее да ни се случи опуштање и да бидиме изненадени – вели тренерот на АМАК СП Игор Гацов.

Стартот на натпреварот АМАК СП – Карпош Соколи е закажан за 18 Часот.

Судии се Александар Сарџовски, Зоран Николовски, Игор Младеновски. Делегат е Среќко Хорват.

На останатие натпревари играат :

Фершпед Р –  Фени Инд.
Струмица Свисслион П.
МЗТ ФОН В. Осигурување

Табела

1 Фени Инд  28 52
Струмица  28 49
3 АМАК-СП   28 45
4 Пелистер 28 44
Работнички 28 44
МЗТ ФОН  28 42
7 Вардар  28 38
Соколи 28 29