Ја изгуби битката за живот и бебето од Тетово, јавува Телма. Почина на Клиниката за детски болести, каде пред неколку дена со тешки симптоми беше пренесено од тетовската болница. Неговата мајка почина уште на породувањето.

30-годишната родилка била донесена во 40-тата недела од бременоста, со висок крвен притисок. За кусо време откако била хоспиталзирана паднала во кома. Дежурниот лекар констатирал дека породувањето е започнато, успеале да го извадат бебето, кое заради тешките симптооми со амбулантно возило веднаш било пренесено на детска.

Комисијата за стручен надзор врз клиниката се`уште го испитува случајот.

За кус приод во Македонија починаа повеќе бебиња. На Клиниката за гинекологија во една вечер починаа четири новороденчиња. Земјата според морталитетот на бебиња Македонија е во врвот во Европа, што јасно јаотсликува состојбата во која се наоѓа јавното здравство.

OhridNews