Во 87-та година од животот на 15 август почина проф. д-р Ристо Љапчев, истакнат македонски лекар, невропсихијатар и редовен професор во пензија на медицинскиот факултет во Скопје, стручњак во областа на неврологијата и автор на стручни книги и учебници, кој остави голема трага и во јавното здравство во Охрид.

Низ својата долгогодишна работа, проф. Љапчев остави длабока трага не само во медицината и едукацијата на новите генерации лекари, туку и во животите на илјадници пациенти од Охрид и поширокиот регион. Неговото дело претставува значаен дел од историјата и развојот на неврологијата во нашиот крај.
Охрид му беше како втор дом, место каде што наоѓаше вистински мир и секогаш се враќаше со цело срце.
Погребот на проф. д-р Ристо Љапчев ќе се изврши на 18 август, вторник, на градските гробишта во Ресен. Неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Ресен од 11 часот, а погребот ќе се одржи во 14 часот, соопшти семејството.
OhridNews










