Еден од најголемите кошаркари во историјата, бразилската легенда Оскар Шмит, почина на 68-годишна возраст, објавија светските медиуми, повикувајќи се на соопштение од неговото семејство и релевантни спортски институции. Тој беше рекордер по број на поени на Олимписките игри и Светските првенства, а во кариерата постигна речиси 50.000 поени.
Бразилецот настапуваше за националниот тим речиси две децении, играјќи на пет Олимписки игри (1980–1996), а остана запаметен и по историската победа над САД во финалето на Панамериканските игри во 1987 година, кога постигна 46 поени.
Во клупската кариера играше и во Европа, особено во Италија за Јуве-Казерта и Павија, каде стекна култен статус, а неговите дресови беа повлечени од употреба.
Шмит беше член на Куќата на славните на ФИБА и на НБА (Naismith Hall of Fame), а Бразилската кошаркарска федерација го опиша како „симбол на спортот и играч кој ја надмина играта со своето влијание“.
По долгогодишна борба со тумор на мозокот, Шмит почина во Сао Пауло, оставајќи наследство што ја надминува кошарката и инспирира генерации спортисти ширум светот, пишуваат светските медиуми.
OhridNews
Фото: ФИБА – Фејсбук













