Легендарниот француски глумец со светска слава, Жал Пол Белмондо, почина во 88-та година од животот.

Веста за AFP ја потврди неговиот адвокат.

Актерот починал во неговиот дом во Париз. „Беше многу слаб во последно време. Замина тивко.“ – ја  пренесува изјавата на Мишел Годест „Франс Прес“.

Жан Пол Белмондо беше миленик на филмската публика, а особено беше обожуван од понежниот пол. Глумеше во над осумдесет филмови, остварувајќи извонредни улоги. Беше познат и по тоа што каскадерските улоги ги снимаше сам.

Славата ја достигна со култниот филм на режисерот Жан Лук Годард „До последен здив“, во кој глумеше млад бунтовник. Меѓу најзначајните негови филмски остварувања се „Борсалино“. „Маргиналец“, „Гори ли Париз“, „Човекот од Рио“ и  „Човекот од „Хонг Конг“ и филмската класика „Професионалец“.

Г. М.