Малиот Кирил Митрески, охриѓанец по татко, на кого од бебе му беше дијагностициран малиген тумор на левата хемисфера од големиот мозок, со што се бореше изминатите 18 месеци, почина од последици предизвикани од тешката болест.

Тажната вест ја соопштија неговите родители на социјалните мрежи, преку кои тие постојано ја информираа јавноста за здравствената состојба на Кирил, кој имаше голема поддршка од заедницата. На неколку наврати во Охрид беа организирани хуманитарни настани за помош на Кирил, а средства за операција и негово лекување одобри Фондот за здравство. За жал Кирил ја загуби битката со тешката болест.

OhridNews