Еден од патниците во туристичкиот автобус што се преврте вчера на патот Велес-Скопје, им подлегнал повредите, информираа од министерството за здравство. Според информациите, се работи за жена која била примена меѓу првите пациенти во Ургентниот центар во Скопје. 

Во сообраќајната незгода беа повредени 27 лица. Автобусот е на „Бус Травел“ ангажиран од „Савана турс“. Автобусот враќал македонски туристи од одмор во Грција, кои биле на одмор на првиот крак на Халкидики.

Туристичката агенција „Савана“ преку соопштение изрази сочувство кон семејството на настраданата патничка и им посака брзо заздравување на повредените.

OhridNews