Од утре, 15-ти јуни до 21 Јуни, во Охрид во големата општинска сала, ќе се одржи 16-то издание на Интернационалниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери”.
Пријавени се 120 кандидати од повеќе држави (Русија, Кина, Германија, Полска, Романија, Бугарија, Литванија, Хрватска, Србија, Словенија и др. кои ќе учествуваат во дисциплините: Флејта, Кларинет, Саксофон, Труба, Хорна, Тромбон. Натпреварот ќе го следи Интернационално жири од познати и признати музички педагози од: Русија, Германија, Бугарија, Австрија, Македонија и Србија.
Натпреварот ќе го отвори Министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Ќе настапи Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ”, како и солистот на флејта Мина Радич, добитник на Гранд При 2015.











