Со натпреварите Атлетико Мадрид – Ливерпул и Борусија Дортмунд – ПСЖ, вечерва, почнува нокаут фазата во Лигата на шампиони на УЕФА.

Актуелниот европски првак Ливерпул гостува на „Ванда Метрополитано“ стадионот на Атлетико во Мадрид во најсилниот состав, додека кај домаќинот во аут поради повреди се неколку првотимци: Феликс (мускул), Трипиер и Херера.

Неофицијални состави:

Атлетико М: Облак, Ариас, Савиќ, Фелипе, Саул Нигез, Коке, Томас, Љоренте, Витоло, Кореа, Мората.

Ливерпул: Алисон Бекер, Александар Арнолд, Ван Дајк, Гомез, Робертсон, Хендерсон, Фабињо, Вајналдум, Салах, Фирмино, Мане.

Тренерот Тухел, се враќа во Дортмунд, но на клупата на ПСЖ, кој е во уште една кампања да ги оправда големите милиони вложени токму да се освои Лигата на шампиони, што засега е неостварлива цел за моќниот тим од Париз.

Неофицијални состави:

Борусија Д.: Бурки, Загадоу, Хумелс, Пишчек, Хакими, Гуереро, Санчо, Чан, Витсел, Азар, Халанд.

ПСЖ: Навас, Мение, Маркињос, Тиаго Силва, Бернат, Ди Марија, Гуеје, Верати, Нејмар, Икарди, Мбапе.

Г.М.