Во тек се подготвителни активности за асфалтирање на неколку улици во село Долно Лакочереј, информира на фејсбук профилот градоначалникот Кирил Пецаков.

Според планот предвидено е асфалтирање на вкупна површина од 1300 м2, стои во објавата.

Претходно нов асфалт беше поставен и на неколку локации во селото Горно Лакочереј, во склоп на годишните програми на Општина Охрид, а во рамки на тендерот за асфалтирање на улици во рурални средини.

OhridNews