Изминатиов викенд во организација на ОО на Сојузот на борци од Охрид и Дебарца на плоштадот во Белчишта беше поставено уште едно спомен обележје- биста на Трајче Дојчиноски борец од Белчишта кој  млад загина во НОВ.

Пред преживеаните борци од Дебарца, членови на семејството на Трајче Дојчиноски и учесници на колонијата Дебарца 2007  за ликот и делото на борецот  говореше м-р. Благоја Силјаноски, поранешен пратеник од оваа изборна единица.

Спомен бистата ја откри градоначалникот на Дебарца Љупчо Којчиноски.