На меѓународниот фолклорен фестивал „Маре Адриатико“ што од 23 јуни до 1 јули ќе се одржи во Пезаро – Италија, учество ќе земе и подмладокот на културно-уметничкото друштво „Отекс“ од Охрид .


Подмладокот на КУД Отекс ќе настапи на фестивал во Италија

Младите играорци во Италија ќе се претстават со дел од богатиот репертоар на песни и игри од Македонија. На фестивалот во Пезаро покрај „Отекс“ ќе учествуваат и ансамбли од Србија, Црна Гора, Канада, Унгарија, Италија и од други земји.

Неодамна КУД „Отекс“ од Охрид го прослави јубилејот  25 години од постоењето.


ohridnews
Фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ