Жители од населените места Подмоље, Оровник, Горенци и Требеништа се жалат дека поради дефект на главната водоводна мрежа во текот на вчерашниот ден имале прекин во водоснабдувањето.


Од Општина Дебарца информираат дека екипите на Јавното претпријатие за комунална дејност се на терен и во текот на денешниов ден се очекува нормализирање на водоснабдувањето.

OhridNews