ВМРО ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија поднесуваме интерпелација за работата на министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека со доаѓањето на Роберт Алаѓозовски на финкцијата Министер за култура, оваа област во Република Македонија за кратко време од седумдесетина дена го допре дното. Под итно мора да запре неоварваризмот кој што секојдневно го шири Алаѓозовски со што нанесува огромна штета на угледот на Република Македонија на културен план, истакна на прес конференција Ане Лашкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. 

Во изминатиот период наместо унапредување на културата и културниот развој на Република Македонија за многу кратко време и веднаш откако беше назначен од страна на СДСМ, Роберт Алаѓозовски имаме тренд на уназадување на културата и културниот развој, преку превземање на голем број иницијативи во насока на партизација на културата, селекција и дискриминација на уметниците и културните дејци во нашата држава, не водење грижа за културното наследство, запирања на сите капитални инвестиции во културата и многу други активности кои водат во таа насока. Токму во овие изминати неколку месеци од формирањето на новата Влада на СДСМ, од страна на министерот Алѓозовски сведоци сме на незаконско разрешување на професионалци во институциите од областа на културата и вдомување на партиските послушници во Министерството за култура. Поднесување на измени на Законот за култура во насока на вршење класична селекција и дискриминација на еден дел од уметници кои ќе продолжат да зимаат развојна национална пенизија, а на останатите во иднина да им се фиксира националната пензија до ограничен износ, без притоа да се слушне мислењето на културната фела што мисли за оваа неправда која се нанесува врз сите нив и без дебата. Враќање на апосолутната моќ на министерот Алаѓозовски во одлучувањето во културата, скандалозниот ребаланс на Буџетот со кој во културата се скратија 4.5 милиони евра за проекти од областа на културата, како и иницијативата која е доставена до Собранието на Република Македонија за укинување на Законот за национален уметник, се само дел од крајно непрофесионалното работење на овој министер. – рече Лашкоска.

Апсурдните интерпелации нема да го сокријат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, новите политики ја унапредуваат и заштитуваат културата, возврати СДСМ.

Со неоснованите, неиздржани и апсурдни иницијативи за интерпелации, ВМРО-ДПМНЕ продолжува очајнички да се обидува да ги закочи реформите и проектите за кои што гласаше мнозинството граѓани, смета владејачката партија.

Поднесената интерпелација за министерот за култура Роберт Алаѓозовски, само докажува дека ВМРО-ДПМНЕ не се грижи ниту за културата, ниту за граѓаните, туку единствено се грижи за сокривање на деценискиот криминал што раководството на таа партија го правеше, особено со проектот Скопје 2014. ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја партизираше културата и потроши над 600 милиони евра народни пари на сомнителни тендери за проектот Скопје 2014, додека вистинското културно наследтво беше намерно оставано да скапува и да се распаѓа. Залудни и очајнички се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку апсурдни интерпелации да ги закочат рефомите и да го прикријат криминалот и злосторот што го вршеа врз културното наследство. Наместо криминалниот и злосторнички пристап кон културата што ВМРО-ДПМНЕ го практикуваше со години, министерот за култура и министерството воведуваат нови, ефикасни и инклузивни политики и проекти во културата што носат напредок и заштита на културната дејност. – возврати СДСМ.

OhridNews