Голема количина отпад од кој се ширеше неподнослива миризба синоќа беше оставена над подземните контејнери во центарот на градот. Оваа града слика предизвика реакции во јавноста, која смета дека ваква слика не му доликува на Охрид.

Подземните контејнери во центарот на Охрид беа поставени со цел да нема повеќе ваква грда слика, но очигледно старите навики тешко се менуваат. Реакции во јавноста имаше и за локацијата на која беа поставени подземните контејнери, но и на работата на инспекциските служби, за кои сметаат дека ги толерираат несовесните граѓани, но и правни субјекти и угосители во центарот на градот кои се и најголеми производители на отпад кој, за жал, многу ретко правилно се одлага.

OhridNews