Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за 1,5 денари, а дизелот за 2,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95 ќе се продава за 61,50 ден/лит, а Еуросупер БС-98 ќе чини 63,50 ден/лит.

Новата цена на дизелот, пак, ќе изнесува 58,50 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 47,00 денари.

За 1,78 денари поевтинува и мазутот и ќе чини 30,037 денари за килограм.

OhridNews