Во компанијата Магна во четврток, со почеток во 11 часот, ќе биде изведена показна вежба за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација.

Целта е подигнување на нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи.

Показната вежба за евакуација и спасување ќе биде според соодветно сценарио за случена елементарна непогода.

Вежбата за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација, ќе се одвива во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК, Здравствен дом Струга и Црвен крст Охрид.

OhridNews