Во сообраќакната несреќа што се случи вчера во 18.45 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на селото Оровник, со повреди се здобиле 23 годишна девојка и 29 годишно лице, двајцата од Охрид, кои биле згрижени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Во незгодата учествувале товарно моторно возило кое го напуштило местото на настанот и патничките моторни возила „Опел Астра“ со охридски регистарски таблици и „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакна Димовски.

OhridNews