На репертоарот на охридскиот Народен Театар, вечерва е претставата „Полицајци“,  во режија и адаптација на Андреј Цветановски, а  по текст на Славомир Мрожек.

Во претставата играат: Шеф на Полиција – Никола Тодороски, Наредникот – Валентин Костадиновски, Затвореникот – Стрезо Стаматовски, Генералот – Ивица Цонев, Жената на наредникот – Адријана Билаловиќ, Регентот – Горан Стојаноски, Полицајци – Никола Ристески, Игор Георгиоски, Владимир Ристески, Катерина Петреска.

Почеток на „Полицајци“ е закажан за 20.00 часот.

OhridNews