Полицијата го прошири радиусот во кој на сила е забрана за движење на цивили во кумановската дива населба, каде од вчера се водат жестоки борби со уфрлена терористичка група. Цивилното население и натаму со полициски транспортери се извлекува од населбата, а влезот во неа не е дозволен.

Српските медиуми јавуваат дека голем број Албанци од Куманово со 12 автобуси и автомобили преминале преку преминот Табановце од Македонија во Србија. За репортерот на агенцијата „Танјуг“ тие изјавиле дека беагаат од судирите во Куманово.

OhridNews