Во работењето на македонската полиција и нејзиниот однос кон граѓаните во изминатите неколку години евидентно е постигнат значителен напредок. Како тој однос кон граѓаните и натаму да се унапредува и полицијата во својата работа доследно да ги применува одредбите на Европската конвенција за човекови права е целта на дводневна обука за полициски службеници што се одржува во хотелот Гранит.

Со триесетина полициски службеници главно командири на полициски станици од Македонија во Охрид конкретно се разговара за повредите на човековите права од страна на полицијата, потоа за прашањата на употреба на сила, како и употребата на огненото оружје и односот на полицијата кон разните видови насилства посебно семејното насилство, но и отвореноста на полицијата кон медиумите.

Организатори на обуката што завршува денеска се Советот на Европа и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.


хотел Гранит