Полициски инспектор  од одделението за општ криминал при Секторот за внатрешни работи-СВР Охрид, веќе неколку дена штрајкувал со глад на работното место, незадоволен од дисциплинските мерки што му биле изречени од страна на претпоставен, дознава Ohridnews.

Случајот ни го потврдија од Министерството за внатрешни работи. „ Поради неисполнување на работни обврски надлежниот старешнина презел соодветни санкции против инспектор, кој незадоволен од таквата одлука 3-4 дена штрајкува со глад“, информираат од МВР.

Од МВР тврдат дека ваквата постапка на вработениот е отфрлена од страна на Синдикатот  на полицијата, кој  не го подржува  начинот на кој инспекторот го изразувал своето незадоволство.

Други детали за случајот не се соопштуваат.

Горан Момироски