Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков претпладнево се поклони и положи цвеќе во Спомен паркот на револуционерите по повод 7 Ноември – Денот на ослободувањето на градов.

Покрај општинската делегација која ја предводеше Пецаков, цвеќе положија и останати делегации на претставници од политичкиот и јавниот живот во градов.

По повод празникот, вчера цвеќе беше положено и пред спомен обележјата од НОБ кај Градски гробишта, во паркот пред Основниот суд и во дворот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

OhridNews